речник контакт

Полицаец од Неготино им оддавал службени тајни на криумчари на мигранти

С.К. (24 год) доби две кривични пријави и притвор

Петар Печков

ОВР Неготино во содејство со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  по извршената  истрага поднесе кривична пријава против нивен вработен,  С.К.(24) од Неготино.  За него постоело  основано  сомнение за сторени кривични дела „Оддавање на службена тајна“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување“ за што и му се поднесени две кривични пријави

„По преземени оперативни мерки и активности утврдено е дека пријавениот- вработен како полициски службеник, давал информации на криумчари на мигранти, каде има полициски патроли или ако тој бил на задача свесно ги пропуштал“ - соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

С.К бил лишен од слобода и предаден во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал. На С.К. му е одредена мерка притвор.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »