речник контакт

Полицајци ама како декорација

На работа или само неми набљудувачи

Петар Печков

Оваа полициска двојка од фотографијата претпладнево (недела 11,30 часот)  иако беше на работна задача, истата не ја извршуваше. Беа блиску до пешачкиот премин, во центарот на градот ама не видоа како автомобилите не ги пропуштаат пешаците. Едноставно си ја вртеа главата, не сакаа да регистрираат.

Но не се само тие грдата слика на дел од  полициските сили. Колку пати на единствените семафори во градот тие, униформирани  минеле на пешачки иако е црвено, разговараат на мобилен додека возат, не пропуштаат на пешачки. Исто како онаа изјава на свештеникот, слушај што зборувам, не гледај што работам...

И каква тоа порака испраќаат додека сите чекаат на пешачки да  се запали зеленото, а полицајците минуваат на црвено и сето тоа пред очите на децата ученици кои во нив гледаат редари на Законот.  За сликата да биде комплетна по реакцијата до нивните претпоставени одговорот што се добива е за антологија  ,,Имаше ли коли додека минеа – немаше, е па тогаш ништо страшно,,

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »