речник контакт

Полициска бркотница за крадци на сувомесни преработки

Обидот за кражба бил во колонијалот во Извор

Петар Печков

 Минатата седмица, понеделникот на 12-ти јануари   се случил обид за кражба на продавница во селото Извор, а потоа полицијата сторителите ги  барала во село Мартолци.  Сведоците  зборуваат за вистински крими филм со полициска потера, која не дала резултат.

Крадци го скршиле стаклото  во продавницата во село Извор,  и влегле, но биле видени од соседите кои слушнале џагор. Го информирале сопственикот кој дошол, но крадците кои биле повеќе, вешто избегале со автомобил.    Била информирана полицијата кој имала своја патрола баш во овој дел на Азот и тие се обиделе да ги фатат. Но  крадците побегнале кон село Мартолци. По ова следеше  пребарување на  домовите од селото, но крадците како во земја да пропаднаа, ги снема - вели жител на Мартолци.

Таму деновиве ова е топ тема, иако мина седум дена ,настанот се уште се прераскажува.   Од СВР Велес за овој настан го издадоа следното писмено соопштение:   

На ден 12.01.2015г околу 22.00ч непознати сторители со тврд предмет го скршиле стаклото од излогот на колонијална продавнива „Коце-Екпорт“ лоцирана во село Извор и од внатре одзеле еден пакет сувомеснати производи кој при напуштање на лице место го оставиле. Се превземаат мерки за целосно расветлување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »