речник контакт

Полициска станица Велес со нов командир, Трајче Алтанов

Алтанов во редовите на МВР е од 2001-та година

Петар Печков

На вчерашната седница на Советот на Општина Велес, по итна постапка беше избран нов командир на Полициска станица Велес, место кое беше испразнето три месеци.

Тоа е Трајче Алтанов, кој изминатите две години беше командир на Полициското одделение во Чашка. Алтанов ( 44 год) дипломирал на Факултетот за Безбедност - насока криминалист.

Во службата е од 2001-ва година, 10 години дел од ЕБРД, една година во АЛФИ-те, три години служба на Аеродром - Скопје. Учесник во  безбедносната криза во 2001-та.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »