речник контакт

Полициска станица Велес со реконструирана зграда (видео)

Што министерот Спасовски кажа зошто младите полицајци се во нова опрема а старите во стара, што за барањето оставка, за убиството во Ореше...

Петар Печков

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во посета на Полициска станица Велес, која е обновена и со реконструиран надворешен лик.  Целата инвестиција е вредна 3,6 милиони денари.  

Промовираме подобри услови за работа на македонските полицајци а со тоа и очекувам подобри резултати. Оваа зграда 15 години не беше  допрена сега има нова кровна конструкција,  промените столарија, целосно молеро -фарбарски работи внатре во објектот, фарбање на фасадата, пристапна патека за лица со попреченост. Тоа создава подобар амбиент за работа на полициските службеници- изјави министерот Спасовски.  Се пофали дека за 18 месеци 18  полициски објекти  на територијата на РМ се реконструирани и потрошени се 25 милиони денари.      

,,Свиркачите,, Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски, двајцата разузнавачи од Управата за безбедност и контраразузнавање  кои ги извадија „бомбите“ и му ги предадоа на ексдиректорот на УБК Зоран Верушевски, се вратени на работните места.  Министерот Спасовски нивното враќање на работа, по така долг период го оправда поради потребите двете лица непречено да сведочат во  тековните судските процеси.  

Мене ми е задоволство што го сторив овој прием на работа , на двајца врвни професионалци кој се јавија во улога на укажувачи, кои  покажаа како бил злоупотребуван системот во МВР.  Така тие до  крајот на својата кариера ќе се вложат во безбедноста на земјата, развојот на Министерството.  Има причина зошто по толку време се случи нивното враќање на работа. Време е тоа да се открие. Чекавме да се заврши сведочењето за предметите  кои се пред суд а тие се во улога на сведоци. Ова за да не оставиме можност адвокатите на обвинетите, да не се жалат дека тие кои што  работат   во МВР,   истовремено даваат сведочења. Сакавме  да не го загрозиме судскиот процес, свиркачите  непречено да сведочат - кажа Спасовски.   

За побараната оставка како министер на МВР, од страна на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ  Кристијан Мицковски,  Спасовски рече  дека е наменска замитинзите

,,Ако смета дека во политиката е влезен за да повикува давање оставки,  треба да размисли за неговиот кредибилитет.  Тој беше генерален секретар на потврдениот криминалец Груевски, во време во кое  ја водеа Македонија во бездна. Најмалку што може е да молчи, оти ваквите празни кликања пред граѓаните, без аргументи  и  дека така ќе добие плус, не водат никаде- додаде Спаосвски.

На новинарското  прашањето како гледа на ослободителната пресуда за убиството во Ореше, предмет кој 10 години се водеше низ судовите а полицијата го води како расчистен, наспроти правосилната судска пресуда дека обвинителите не беа сторителите, Спасовски кажа

Не е само овој процес, има и други каде одредени луѓе биле обвинувани, наспроти нерасчистените случаи, затоа  барам да се работи врз основа на факти и аргументи, докази се со цел да штитиме основни човековите права и слободи. Затоа е потребна поголема професионализација на полицијата  - додаде Спасовски. 

Одговори и на дилемата во јавноста зошто ново ангажираните полицајци се во комплетно нови униформи, додека постарите кубурат со опрема.   

 Помладите полицајци 1,2 илјади  што започна да работат имаат целосно нова опрема. Во тек е постапка за набавка за нова опрема за останати полицајци. Така наскоро сите  полициски службеници ќе бидат во нова опрема. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »