речник контакт

Полициски возило удрило во пешак

Инцидентот се случил на улциа Панко Брашнаров, а пешакот се здобил со тешки телесни повреди

Петар Печков

Полициско возило вчера утро, недела, удрило пешак, кој се здобил со тешки телесни повреди. За инцидентот, кој се случил во улицата пред полициската станица на СВ Велес,  информираа од МВР.

На 12-ти септември во 07.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул. „Панко Брашнаров“ во Велес, патничко возило „Шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник В.А.(25) од Велес, удрило во пешакот Д.Т.(75) од Велес“ - соопштија од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Пациентот имал повреда на лумбален пршлен и бил задржан во Болница на опсервација.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »