Петар Печков
Објавено: четврток, 30 јануари 2025
Полициски службеник истрелал куршум, во просторија за технички преглед. МВР информира за настанот во дневниот билтен.
„На 29.01.2025 во 12.30 часот во просторијата за технички преглед во СВР Велес, полициски службеник од Полициската станица Велес, при технички преглед на лично и формациско оружје, од автоматска пушка испукал еден куршум во таванот на просторијата, во која биле уште двајца полициски службеници. Повредени лица нема, а за настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“ – соопштија од МВР.
Не е соопштен идентитетот на колегата, ниту неговите иницијали, наспроти досегашната пракса од полицијата, кога се апсат или откриваат вакви случаи со лица кои не се припадници на МВР, тие се посочени со иницијали.
Пред десетина години инспектор од СВР Велес, истрела куршум, додека го чистел пиштолот а куршумот заврши во општинското ве-це.
Tweet |