речник контакт

Полициски службеници ги едуцираа граѓаните од кражби и измами

На граѓаните им биле поделени и печатени материјали со практични совети

Петар Печков

Во текот на денешниот ден во Велес,  спроведена е превентивна активност под мото – „Безбедна заедница-мирна заедница“ со посебен акцент на превенцијата од кражби и измами.

„Во текот на низата средби и разговори со граѓаните, особено со оние од повозрасните категории, полициските службеници укажуваа и појаснуваа за формите на имотни деликти, за законскиот третман за различните форми на имотен криминал и секако за начинот и постапките кои треба да се превземаат со цел да се заштитат граѓаните од сторителите на вакви кривични дела“- соопштија од МВР.

На граѓаните им биле  поделени и печатени материјали со практични совети. Активноста е спроведена од стана на  полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »