речник контакт

Полициски упад во А1 Телевизија

Полициски упад во А1 Телевизија. За да им асистира на група даночни инспектори во редовната контрола, полицијата без налог утрото незаконски влезе во А1 Телевизија.

Никола Солев

Полициски упад во А1 Телевизија. За да им асистира на група даночни инспектори во редовната контрола, полицијата без налог утрото незаконски влезе во А1 Телевизија. За да ги обезбедува даночниците кои рекоа дека им била загрозена безбедноста во просториите на телевизијата, а истовремено тврдеа дека станува збор за рутинска контрола. Ниту даночните инспектори немаа налог. Се обидоа да влезат дури и без да се легитимираат. Бараа увид во финансиската документација и незаконски, без судско овластување, чепкаа по работните простории во сметководството. Рацијата продолжи и попладнето. Дури неколку часа по незаконскиот упад, даночните инспектори обезбедија налог од истражен судија за да го легализираат влегувањето во приватна фирма. Полицијата немаше налог, па мораше да си замине дури откако главниот уредник им посочи дека незаконски ги запоседнале медиумските простории. „Во овој момент истапувам со барање да ги повлечете полицајците. Сите други може да бидете присутни. Ние не сме криминалци, имате право да влезете тука, но полиција и со судски налог во медиумска куќа не е пристојно да биде. Јас ве молам полицајците да ги повлечете пред влезот на куќата“, рече Александар Чомовски, главен уредник на А1 Телевизија. Сопственикот тврди дека власта му се одмаздува. „Јас сум сигурен дека е ова заради тоа што синоќа на прилепската телевизија му се заканив на г-нот Бучковски дека доколку и едно кило тутун не биде откупено, ќе одговара, а и во оваа прилика пак му се заканувам дека доколку и едно кило тутун не биде откупено, ќе одговара пред народот“, изјави Велија Рамковски, сопственик на А1 Телевизија. Ваквите упади се стара пракса на власта како форма за заплашување на медиумите пред избори. Претходната власт, за да ја дисциплинира А1, се закануваше дека ќе ја урне зградата во која е сместена телевизијата оти била дивоградба. Извор: Горан Петрески ([url=www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=59278]А1[/url])

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »