речник контакт

Полицискиот час скратен, се отвораат летните тераси од угостителските објекти

На Велигден и на Рамазан Бајрам нема да има полициски час Новите мерки важат до 15 мај

Петар Печков

Владата на денешната седница донесе измени и дополнувања во однос на мерките за заштита од ковид-19. Од  28 април (среда), забраната за движење на населението и на возила од јавен превоз на целата територија на државата, наместо од 20:00 ќе важи од 21:00 до 5:00 наредниот ден.
 
Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, и вечерта меѓу 13 и 14 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.
 
Почнувајќи од 28 април сите угостителски објекти ќе можат да работат само во отворените делови, односно на терасите на угостителските објекти и тоа до 20:30 часот после што треба да бидат затворени за посетители.
 
Компаниите од угостителската дејност регистрирани за прослави (свадби, родендени, крштевки и слично) ќе можат да ја организираат работата само како ресторани на отворено, односно на терасите, а забраната за организирање свадби, родендени, крштевки и слично, останува.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »