речник контакт

Полицичкиот час поместен од 23 ч. останува до 5 наутро

Терасите од угостителските објекти ќе работат до 22,30ч.

Петар Печков

По само една недела Владата ја смени одлуката за полицискиот час. Откако минатито вторник доенсе одлука зо која тој започнува во 21 ч.и тре до 5 ч со важност до 15-ти мај, вечерва промена.

Владата на вечерашната,  68-ма седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од 5 мај, среда, забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден.

Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.

Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »