речник контакт

Полицијата бара помош за идентификација на починато машко лице

Се верува дека е овчар, кој е пронајаден мртов пред седум дена но е починат далеку порано

Петар Печков

СВР Велес бара помош од граѓаните за идентификација  на починат маж, кој е   најден мртов пред седум дена. Но и тогаш кога  бил пронајден, бил во фаза на распаѓање оти бил мртов можеби и десетина дена претходно. Неофицијалните информации се дека нема  знаци на насилна смрт и  дека  се работи за овчар. Телото било  пронајдено далеку над црквата кај Башино село,

На 13.03.2018 година на ридот над автопатот Е-75 Скопје – Велес, на оддалеченост од околу 2,5 км од црквата во с.Башино село, пронајдено е тело на непознато машко лице. По извршениот увид од страна на екипи од СВР Велес и Итна медицинска помош  било утврдено дека се работи за тело на машко лице со височина од околу 170 сантиметри -крупен, челна келавост, со црна кратка коса, на нозете има гумени опинци, со црн комбинезон, темно сина блуза со хоризонтални шари и врз неа дуксер со темно сина боја со сиви ракави која на преднниот дел има британско знаме и светло кафеава јакна. Ги замолуваме граѓаните кои го познавале починатото лице да се јават во СВР Велес и да дадат информации како би можеле да го идентификуваме - стои во писмената  информација на СВР Велес.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »