речник контакт

Полицијата бркала превозник на мигранти, па го ранила

С.М. од Ваксинце бил застрелан во левото рамо. Настанот се случил кај наплатна рампа Отовица

Петар Печков

Утрово  бркотница и пукотници по автопат Градско – Велес, а   во акцијата на полицијата  ранет е превозник на мигранти.  С.М. ( 21 год)  од кумановско Ваксинце, бил   лекуван  во велешка Болница. 

 Околу  4.15 часот на автопат Гевгелија–Скопје, од наплатна рампа „Градско“, полициски службеници следеле  автомобил  „Голф 3“  со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М. (21) од село Ваксинце,  во кое имало 10 мигранти.  На наплатната рампа „Отовица“ возачот  го напуштил возилото и се дал во бегство, по што полициските службеници тргнале по него и испукале еден куршум за заплашување. При тоа го погодиле С.М. во пределот на левото рамо. С.М. бил пренесен во Медицински центар Велес и по укажана лекарска помош, истиот е задржан во СВР Велес – информираа од МВР.

Увид на местото на настанот  се врши во денес, недела,  11. Септември.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »