речник контакт

Полицијата во Ветерско уапсила бегалец од затвор, кој се барал со пет потерници

Лицето било спроведено во Казнено- поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната

Петар Печков

Вчера вечер, понеделник, пред полноќ, полицијата уапсила бегалец, кој се барал со пет потерници.  

„На 6 ноември  околу 23.30 часот на место викано,,Ветерско" во Велес, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишиле од слобода Ќ.Н.(36 год) од Сингелиќ, скопско. Тој бил баран со три централни и две меѓународни потерници за издржување казна затвор од шест години за сторени повеќе кривични дела ,,криумчарење мигранти" по член 418 од Кривичниот законик“- соопштија од МВР.

Лицето било предадено во СВР Велес, по што било спроведено во Казнено- поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

фото интернет

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »