речник контакт

Полицијата ги едуцираше велешани како да се заштитат од кражби во домовите

Спроведена била превентивна активност под мотото „Полицијата и граѓаните заедно“.

Петар Печков

Велешката полиција, денес, петок, ги едуцираше граѓаните како да се заштитат од кражби. Таа за оваа цел делела летоци.

„Отсекот за превенција при СВР Велес и Полициската станица од општа надлежност при СВР Велес во текот на денешниот ден (26.08.2022) спроведоа заедничка превентивна активност под мотото „Полицијата и граѓаните заедно“. Притоа, на различни локации во градот беа поделени летоци со едукативна содржина и препораки за граѓаните за превенција од кражби во домовите“ - соопштија од МВР.

Велешката полиција деновиве разоткри неколку кражби, кои се случиле во домови на велешани. Против сторителите поднесени се кривични пријави за тешки кражби.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »