речник контакт

Полицијата ги контролирала пешаците дали минуваат на пешачки, но не казнувала

Сторителите упатени на сообраќајна поука

Петар Печков

Вчера, вторник во текот на пазарниот ден, на повеќе локации во градот, сообраќајната полиција контролирала, дали пешаците преминуваат преку улица правилно. Контролата траела  во  период од пет час.  

На 5 ноември во периодот од 10 до 15 часот на подрачјето на Велес била спроведена акциска контрола за откривање на пешаци кои прават прекршоци во сообраќајот. Притоа, биле регистрирани 11 прекршоци - соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

За сторителите  нема казни туку биле упатени на сообраќајна поука. Во претходната ваква контрола, на 28-ти октомври , за шест часа, беа констатирани осум прекршока. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »