речник контакт

Полицијата ги потсети возачите, за користење зимска опрема

Реализирана е сообраќајна едукативна активност под мотото „Биди подготвен за безбедно патување во зима“

Петар Печков

Денес понеделник, 2 декември на подрачјето   на Велес реализирана е сообраќајна едукативна активност под мотото  „Биди подготвен за безбедно патување во зима“. Активноста е реализирана од  Отсекот за превенција при СВР Велес.

„Основната цел на активноста беше зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на нормираните одредби за сезонско користење на зимска опрема и зимски пневматици во периодот од 15.11. до 15.03, односно за важноста од почитувањето на прописите, пред се од аспект на личната и колективната безбедност во сообраќајот“ – соопштија од МВР.

Воедно на возачите им биле поделени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП со пораки за безбедно управување на возилата, за потребната опрема и за важноста на техничката исправност на возилата кои ги управуваат.

 фото МВР

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »