речник контакт

Полицијата ги потсети возачите на обврската за задолжително носење на зимска опрема во возилата

Превентивни активности под мотото „Биди подготвен за безбедно патување со возило во зима“

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден,  на подрачјето на градовите Велес, Кавадарци и Неготино биле  реализирани превентивни активности под мотото „Биди подготвен за безбедно патување со возило во зима“.

„За време на активностите, граѓаните беа информирани за актуелната важност на обврската за задолжително носење на зимска опрема во возилата, во периодот од 15 ноември до 15 март. Притоа, во непосредна комуникација со граѓаните, пред сѐ на возачите, им беше укажано за законската употреба на зимска опрема во која спаѓаат зимските гуми и ланците, при што особено беа истакнати условите односно начините за употреба на опремата, во зависно од временските услови, а согласно нормативно пропишаните одредби во кои, секако, влегува и санкционирањето за нивното непочитување“ - соопштија од МВР.

На возачите и на другите учесници во сообраќајот им бил поделен едукативен печатен материјал изработен од Републичкиот совет за безбедноста во сообраќајот на патиштата, чии содржини имаат за цел подигање на свесноста за поседување на зимска опрема во возилата и одговорно учество во сообраќајот.

Активноста е изведена од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес.

фото МВР

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »