речник контакт

Полицијата ги соопшти деталите од сообраќајката кај Голозинци

Се судриле две патнички возила, голф и мерцедес

Петар Печков

СВР Велес ги соопшти деталите од учесниците од вчерашната сообраќајна несреќа, во која учествуваа две возила и имаше седуммина повредени. Се случи во близина на село Голозинци, околу 18,20 ч.

Во сообраќајката која се случила на локалниот пат Чашка - Дреново учествувале две возила, едно марка „голф„ со кавадаречки регистарски таблички, управувано од Ј.Т. (60 год)  и друго возило марка „мерцедес“  со велешки регистарски  таблички, управувано од М.М. (26 год) од Долно Јаболчиште - соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој кажа дека екипа на СВР Велес била на лице место и по извршениот увид ќе бидат познати причините за сообраќајката.  

Во сообраќајка две деца со повреди на глава, на возраст од три и четири години се пренесени во Ургентен во Скопје.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »