речник контакт

Полицијата ги уапси лицата кои нападнаа шумски полицајци, откако пронајдоа група дрвокрадци

Едно од лицата им се заканувал на шумските полицајци со вклучена моторна пила. Осомничените се пред судија на претходна постапка по барање на обвинител, да им се одреди мерка притвор

Петар Печков

Велешката полиција ги идентифуваше и ги уапси лицата за кои постои соменвање дека се сторители на напад врз шумсктеи полицајци од службата во Велес. Тие ги пронашле сторителите додека вршат сеча на дрјва, нелегално без соодветна дозвола. При обидот да бидат идентификувани, неколку лица ја нападнале патролата на шумската полиција и побегнале. За овој случај, вчера информираше ТрМр. Деталите за настанот од СВР Велес.

„На 27.12.2024 во 17.40 часот полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.З.(57 год), Б.З.(36 год), В.В.(18 год) и малолетник, сите од Велес, постапувајќи по пријава од Ф.Ј.(54) од вработен во Шумска полиција-Велес. Според пријавеното, на земјен пат од езеро Младост кон село Ветерско, велешко, додека тој заедно со Б.К. и З.З. вршеле службени задачи, ги затекнале лицата како сечат дрва и бесправно исечени дабови дрва. При превземање на службени дејствија ги нападнале, при што Б.З. користел и остар предмет и им нанел повреди на З.З. и Б.К., констатирани во болницата во Велес, а В.В. со вклучена моторна пила, како и С.З. и малолетникот кои држеле дрвени предмети се обидувале да ги нападнат, по што напаѓачите со патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки со предметите кои ги користеле за нападот заминале. С.З., Б.З. и В.В. биле задржани во полициска станица, а возилото и предметите од нападот биле пронајдени и одземени“ - соопшти Биљана Ѓаковски, портпарол ан СВР Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поладнево, сабота, осомничените како сторители на инцидентот, беа изведени пред судија на претходна постапка на Основен суд Велес, по барање на обвинител од ОЈО Велес, за одредување на мерка притвор.

За едно од лицата постои сведочење дека со моторна пила под врат, му се заканил на еден од шумските полицајци.

Повредените полицајци, откако им била пружена здравствена помош во велешка болница, биле пуштени на домашно лекување.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »