речник контакт

Полицијата го бара, Тепев пее во Бургас

Сопственикот на Тедико, Илија Тепев кого македонската полиција го бара со меѓународна полиција викендов ќе настапи на меѓународен фестивал на поп мелодии „Бургас и морето 2008“ кој се одржува во овој бугарски град.

Петар Печков

Сопственикот на Тедико, Илија Тепев кого македонската полиција го бара со меѓународна полиција викендов ќе настапи на меѓународен фестивал на поп мелодии „Бургас и морето 2008“ кој се одржува во овој бугарски град. Тој  на македонски ја пее песната „Носете ме времиња“ која за него ја компонирал Дарко Димитров, а текстот го напиша Калиопи.

Тепев и претходно додека живееше во Велес имаше издадено сопствено ЦД со поп нумери. Откако по него е распишана меѓународна потереница Тепев живее и работи во Софија Бугарија, бидејќи има бугарско државјанство. Основното Јавно обвинителство од Велес започна  истрага и побара притвор за бизнисменот Илија Тепев, сопственик на „Тедико транс“   кој е осомничен  за злоупотреба на службена должност и овластувања. Според МВР, Тепев ја оштетил државата за 82 милиони денари, бидејќи кредитот што АД Транс Велес го земал во 1997 година од Кралството Шведска, преку Агенцијата за санација на банки во висина од 9 милиони шведски ркуни, продцна рпеку негови фирми го присвоил. Тој иако знаел дека камионите се под хипотека, ги продал од неговата на други две, каде тој е доминантен сопственик.На овој начин Министерството за финансии, како гарант за земенито кредит од Шведска и државата Република Македонија се оштетени за 750 илјади евра.

Песната со која настапува:

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »