речник контакт

Полицијата контролирала гласност на музика во угостителски објекти и присуство во нив на малолетници после полноќ

Акцијата е спроведена во Велес и Кавадарци

Петар Печков

Ноќта саботата кон неделата, акциска контрола на МВР во Велес и Кавадарци, се контролирала гласноста на музиката од угостителски објекти, присуство на малолетници после полноќ и точење на алкохол на малолетници.

„На 08/09.07.2023 во периодот од 23.00 до 05.00 часот полициски службеници од СВР Велес, во угостителски објекти на подрачје на Велес и Кавадарци, спроведоа акциска контрола во рамки на кампањата „Безбедно лето 2023“ во врска со присуство на малолетници после 24.00 часот, точење на алкохол на малолетници и нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика. Во рамки на контролата откриени се пет нарушувања на јавниот ред и мир со гласна музика и по извршено мерење со уред фонометар констатирано е дека јачината на музиката е над дозволената законска граница. За сите констатирани неправилности на прекршителите ќе им бидат изречени соодветни санкции“- соопштија од МВР.
 
Од петте нарушувања на гласноста во угостителски објекти во Велес биле три а во Кавадарци два.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »