речник контакт

Полицијата осомничи лице за убиството на старецот

Зоран Д. бескуќник и зависник осомничен за убиството

Петар Печков

СВР  Велес го осомничи лицето Зоран Д. ( 48 год)  како сторител на убиството на 17 јули годинава.  Против него по целосното комплетирање на случајот ќе биде поднесена и кривична пријава, а судија во претходна постапка му одредил мерка притвор од 48 часа и осомничениот е во Шутка.

По целосно комплетирање на документацијата за случајот ќе биде поднесена и кривична пријава. - See more at: http://moi.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=13726&mid=1367&tabId=358&tabindex=0#sthash.wPZkXs8c.dpuf
По целосно комплетирање на документацијата за случајот ќе биде поднесена и кривична пријава. - See more at: http://moi.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=13726&mid=1367&tabId=358&tabindex=0#sthash.wPZkXs8c.dpuf
По целосно комплетирање на документацијата за случајот ќе биде поднесена и кривична пријава. - See more at: http://moi.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=13726&mid=1367&tabId=358&tabindex=0#sthash.wPZkXs8c.dpufподнесе кривична пријава  за убиство а  судија во претходна постапка му одреди мерка притвор од 48 часа и тој е веќе во Шутка.

По спроведена неколкудневна интензивна истрага, врз основа на обезбедени оперативни сознанија и информации, поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело “убиство“ СВР Велес го приведе лицето З.Д. (48) од Велес – изјавија од МВР.    

Полицијата  во писмената изјава тврди  дека го  расчистила случајот со убиството на 90 годишниот Јован Цилаков,  чие што тело беше пронајдено минатата недела, во четвртокот, во кругот на Гимназијата  “Кочо Рацин“.

Според првичните сознанија убиството се случило на 17.07 околу 17 часот при што осомничениот кој инаку бил бездомник и зависник, искористувајќи го моментот кога старецот му бил завртен со грб го удрил со камен по главата, по што жртвата паднала а потоа му нанел уште неколку удари со каменот. По убиството Зоран Д. од џебот на Цилаков земал околу 200 денари и заминал.  Од полицијата информираа дека по приведувањето и извршениот службен разговор осомничениот во целост го признал делото и ги опишал околностите и деталите од убиството.

Истиот вчера попладне беше изведен пред надлежен Судија на претходна постапка од ОС Велес кој му изрече мерка притвор во траење од 48 часа.  Зоран Д. досега не сторил никакво кривично дело и не е пријавуван во полиција.  Тој по смртта на мајка му пред неколку месеци, бил во несогласување со татко му, па го напуштил домот и живеел во паркот и на отворено.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »