речник контакт

Полицијата открила случај како во три запрежни коли се превезува нелегално исечено огревно дрво

Тоа го сториле пет лица, меѓу нив четири биле малолетници

Петар Печков

Велешката полиција затекнала пет лица, меѓу нив четири малолетници како  превезуваат бесправно исечени дрвја, во запрежна кола.

„На 05 декември  на место викано „Кишино“ – Велес, полициски службеници од СВР Велес ги затекнале М.Ј.(18) од Велес и четири малолетни лица како со три запрежни коли превезуваат бесправно исечени огревни дрва. Дрвата се одземени и предадени на Шумска полиција во складот на Национални шуми – подружница Велес„- соопштија од МВР.

По расчистување на случајот, полицијата  ќе поднесе соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »