речник контакт

Полицијата продолжува со едукацијата од штетноста на петардите

Темите биле ,,Петарди НЕ, безбедност пред се" и ,,Слави со срце, не со оружје"

Петар Печков

Отсекот за превенција при СВР Велес во текот на вчерашниот ден, четврток, реализираше едукативна превентивна активност , продолжение од пред новогодишните активности а во пресрет на вечерашното Коледе.

„На 4 јануари  на повеќе локации во Велес и Кавадарци спроведена е превентивна активност на темите ,,Петарди НЕ, безбедност пред се" и ,,Слави со срце, не со оружје". На граѓаните од страна на полициските службеници им беше укажано за опасностите и последиците од користење на пиротехнички средства, односно за опасноста од пукање со огнено оружје, како и законските импликации со кои што може да соочат поради непочитување на законските прописи“ - соопштија од МВР:

Во текот на активностa, на граѓаните - минувачи  им биле  поделени и едукативни печатени материјали.

фото ФБ / МВР

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »