речник контакт

Полицијата со едукација за жителите од селата во Општина Лозово за заштита на шумите од пожари, но и од крадци и разбојници

Биле посетени селата Ќоселери, Сарамзалино, Аџиматово, Ѓуземелци и Милино

Петар Печков

Полициски службеници при ОВР Свети Николе реализираа две превентивно - едукативни активности под мотото „Лето без пожари“ и „Заштита од кражби“ во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“.

Тие посетија неколку села од Општина Лозово и на месното население му поделија летоци со едукативни содржини за пожарите и за заштита од крадците. Биле посетени селата  Ќоселери, Сарамзалино, Аџиматово, Ѓуземелци и Милино.

„Во соработка со Јавното претпријатие „Национални шуми“ - Шумско стопанство Свети Николе, беа реализирани непосредни средби и разговори со жителите на населените места кои се занимаваат со сточарство и управуваат земјоделски машини при вршењето на земјоделските работи, со цел да се информираат, но и да се подигне нивната свесност и одговорност за шумите. Граѓаните, исто така, беа запознаени од полициските службеници како да постапат и каде да ги пријавуваат криминалните активности кои ќе ги забележат во шумите или за настанувањето на шумски пожари“ - соопштија од МВР.

Истовремено била реализирана и втората превентивно - едукативна активност за  жителите на  населени места од  селата  Ќоселери, Сарамзалино, Аџиматово, Ѓуземелци и Милино на тема „МВР за граѓаните“ и „Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“.

„Во непосредна комуникација со жителите и сопствениците на продажни објекти им беше укажано за начинот на кој може да се заштитат од разбојништва, кражби, џебни и дрски кражби. Активноста, покрај едукативно – информативниот карактер, има за цел заштита и спречување, односно намалување на бројот на кривични дела од областа на имотните деликти“ - додаваат од МВР.

На граѓаните од овие села  им биле поделени печатени едукативни материјали.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »