речник контакт

Полицијата со кривична пријава за негувателката од градинките која овозможила деца да користат електронска цигара

Пријавата е за кривично дело „несовесно работење“

Петар Печков

СВР Велес до ОЈО Велес поднела кривична пријава за негувателка, од детските градинки, која овозможила  децата од групата, да користат електронска цигара.

„Отсекoт за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против В.И.(38 год) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење“ казниво по член 353 од Кривичниот законик. Пријавената, вработена како негувателка во детска градинка во Велес, овозможила на деца од градинката да користат електронска цигара„ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

ОЈО Велес  претходно информираше дека започнале предистрага.  Настанот се случил ма 29 септември годинава, во клон „Маргаритка“ кој е во месноста Дворови. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »