речник контакт

Полицијата сомничи мајстор кој инсталирал клима уред, дека од домаќините украл пари и накит

Полицијата најавува дека ќе следува соодветна пријава

Петар Печков

Полицијата осомничи мајстор кој инсталирал клима уред, дека од домаќините украл пари и накит. СВР Велс со детали за настанот.

„На 20 декември  во 20.15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.Г.(26 год ) од Велес. Тој се сомничи дека со уште едно лице во куќа во Велес, каде што извршувале промена на клима уред, одзеле пари и накит. Според пријавеното, тие искористиле прилика и го извршиле делото кога сопственикот излегол од куќата“ - информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

По целосно расчистување и документирање на случајот, полицијата најавува дека  ќе следува соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »