речник контакт

Полицијата уапси велешанец оти со пиштол пукал во воздух

Пиштолот бил пронајден и е одземен

Петар Печков

Уапсен е велешанец кој саботата попладне  во близина нa Ликовен салон, пукал со пиштол во воздух. Деталите од  билтенот на МВР.

„Саботата на 28 октомври  во 16.15 часот на ул. „Алексо Демниевски“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле Н.А.(23 год) од Велес затоа што претходно од пиштол испукал неколку куршуми во воздух. Пиштолот бил пронајден и е  одземен“ - информираа до МВР.

По целосно документирање на случајот против него, полицијата  ќе поднесе соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »