речник контакт

Полицијата уапси тројца велешани, за кои смета дека се бавеле со трговија со дрога

Трите лица биле приведени во полициска станица

Петар Печков

Во дом на велешанка, при претрес полицаја пронашла хероин, кокаин и вага

„На 6 февруари  во 15.10 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода 30-годишната М.А., П.Т.(34 год) и Б.А.(42 год), сите од Велес. При претрес во домот на М.А., извршен со наредба од Основен суд Велес, каде биле затекнати П.Т. и Б.А., биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, таблети и дигитална вага“ - соопштија од МВР.

Трите лица  биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив, полицијата  ќе  поднесе соодветна пријава. 

 фото МВР

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »