речник контакт

Полицијата уапсила двајца крадци во куќа во Мартолци

Крадците биле од Прилеп

Петар Печков

Петокот навечер,  Мартолци полицијата уапсила двајца крадци, прилепчани, како крадат од куќа во селото.

„На 12 јануари  во 22.30 часот во село Мартолци, велешко, полициски службеници од Одделение за крим полиција при СВР Велес ги лишиле од слобода Б.Н.(33 год) и А.С.(31 год), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати од страна на полициски службеници при кражба во куќа во селото“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Б.Н. и А.С. биле  задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот полицијата ќе  поднесе соодветна пријава

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »