речник контакт

Полицијата ја уaпси младата велешанка која намeсто да му помогне на велешанецот кој се струполил и починал на улица, му ги одзела парите од џеб

Девојката е задржана во полициска станица

Петар Печков

Полицијата ја идентификува и уапси  млaдата велешанка, која наместo на сограѓанинот кој паднал и починал, пришла и му ги одзеле пaрите од џебовите. Деталите од настанот кој се случи вчера, петок, од информацијата на СВР Велес.  

„На 1 март во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода Р.С.(32 год) од Велес. Таа се сомничи дека од лицето Т.Ѓ.(54 год) од Велес одзела пари. Според пријавеното, откако Т.Ѓ. паднал на улицата „Илинденска“ во Велес и починал, Р.С. се доближила до него и му ги одзела парите“ – соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.  

Девојката  е задржана во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »