речник контакт

Полноќна драма со среќен крај во Тетово за ГОК Борец, се пласира во финалето за титулата првак

ОК ШКЕНДИЈА – ГОК БОРЕЦ 2:3

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец се пласираа во финалето за разигрувањето за титулата првак на Македонија. Во маратонски натпревар кој траеше повеќе од два часа, во тај брејк со 3:2 (12, 22, -22,-15, -10)во Тетово ја совладаа екипата на ОК Шкендија. Oва беше одлучувачкиот трет натпревар, мајсторка, на овие два противници, и со 2:1 славеа велешани.

Домаќините поведоа со 2:0 во сетови, по бледата игра на велешани, кои потоа се вратија со игра, немаа толку изнудени грешки и израмнија на 2;2, Во одлучувачкиот пети сет, со сигурна игра,  велешани први стигнаа до 15 поен за голема радост и победа. Таа значи нови најмалку три натпреври со екипата на ОК Струмица за првак. Тие ќе започнат по Велигденските празници, во термини кој дополнително ќе бидат одредени.

Ова е втор успех во оваа сезона 2022/23 за ГОК Борец откако играше во финалето на Купот и загуби од ОК Струмица со 0:3.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »