речник контакт

Половично пополнет бројот на ученици во прва година во средните во Велес

Пополнети се струките за компјутерски техничар, угостител, медицинска сестра и за фармацевт

Петар Печков

Од 1088 слободни места за прва година во четирите средни училишта во Велес, пополнети се 555. ова го покажуваат бројките добиени од директорите за тоа како мина уписот по првиот круг, кој заврши денес.

Во ,,Коле Неделковски,, запишани се 230 ученици а имаше слободни 408 места. Пополнет е бројот за компјутерски техничар и за угостител, во сите други струки има слободни места.

Во Хемиското ,,Димитрие Чуповски,,  примени се 150 ученици а имаше 238 слободни места. Пополнета е здравствената струка за медицинска сестра и за фармацевт, за се друго има слободни места.  

Во Гимназијата ,,Кочо Рацин,, за 238 слободни места приемни се 108 кандидати, до кои 96 се за настава на македонски јазик и еден клас за настава на албански јазик каде има запишано само 12 ученици.  

Во Економското училиште ,,Јовче Тесличков,, примени се 67 ученици а имаше 204 слободни места.  Слободни места има за сите струки. 

Пролетва деветто одделение во основните училишта завршија 490 деветто одделенци. Но во средните во Велес се запишуваат и основци од Градско, Чашка и Лозово.   

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 23 август 2018 година, а резултатите од запишувањето на учениците ќе се објават на 24 август 2018 година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »