речник контакт

Положија првите 42 такси возачи во Велес

Од пријавени 42,положиле сите 42 кандидати

Петар Печков

Сите 42  пријавени кандидати го положиле тестот за такси возач, кој се одржал во вторникот во просториите од Работничкиот Универзитет.

Полагале пред надлежна комисија формирана од  Општина Велес. Оваа новина е  согласно  Законот за превоз во патниот сообраќај, секој возач кој управува со такси возило односно врши автотакси превоз треба да поседува сертификат за автотакси возач.

Ова беше прво полагање за добивање на сертификат за автотакси возач. На кандидатите кои го положиле испитот, комисијата ќе издаде уверение врз основа на кое Градоначалникот во рок од 30 дена ќе им издаде Сертификат за автотакси возач.

Така откако за возилото е потребна такси лиценца, сега и возачите треба да  имаат сертификат. Унифицирана е и бојата во кој треба да бидат автомобилите –жолта. Згора на тоа возилата треба да бидат и фискализирани и издаваат фискални сметки.  

Бројката на такси возила, што легални што ,,диви,, возат по велешките улици се споменува околу 500. Легалните пак подолго време бараат за се сопре работата на нелегалните возачи, што на надлежните тешко им успева.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »