речник контакт

Полувековна традиција на Мегдан

И покрај лошото време и студениот ветер, мегданчани ја продолжуваат традицијата на Чист понеделник

Петар Печков

Првиот ден по Прочка, Чисти Понеделник е почеток на четириесетдневните Велигденски пости. Овој ден се обележува во Велес со традиционално јадење бел грав и со собир во велешкото маало  Мегдан. И годинава и покрај ладното време и студениот ветер, се собраа мегданчани да го обележат овој ден.  Подготвија 50 кг. грав многу мезе и желба за дружење. Оваа традиција има полувековен стаж, повеќе од 50 години.

Како и секоја година, така и оваа подготвивме цел лонец бел грав.  Во него нема додатоци освен сува чушка, кромид, лукче, бибер. Јас го учев од  старите, гледав како тие го подготвуваа,сега јас продолжувам – вели  Тодор Иванов.

Манифестацијата има и кум, годинава  беше Игор  Манасков
 Моја обврска е да купам пијалоци, се за јадење и пиење, да ги пречекам гостите. Сите кои ќе дојдат се добредојдени. Доаѓаат од различни делови на Велес и до доцна навечер се дружиме – вели Манасков.

Оваа традиција е од Ѓорѓи Гајдов – викан Балкан. Тој беше чифчија и за да му се роди фолијата и да има повеќе ракија вино, тој на Чисти Понеделник го собираше соседите. Пред неговата фурна  поставуваше маси, се собираа луѓе – вели Петре Манасков, еден од постарите староседелци на Мегдан. На средбата дојде и роден мегданчанец, сега вели натурилизиран скопјанец Ѓорѓи Дебарлиев.

Роден сум во ова маало, но специјално без оглед на обврските доаѓам овој ден тука. Ме враќа во детството во младоста и ми ги враќа спомените. Гравот е како секогаш стандардно добар. Ме радува што оваа традиција продолжува  - вели Ѓорѓи. Колку велешани ја почитуваат оваа традиција, покажува и тоа што секој прв понеделник по Прочка, традиционалното бело гравче е редовно на менито на работничките мензи во сите фирми во градот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »