речник контакт

Полугодишниот извештај на ЈКП Дервен не е изгласан

И покрај позитивното работење советниците не го изгласаа извештајот, причина технички грешки и апсурди

Петар Печков

Според гласањето на советниците од петочната седница на општинскиот Совет, шестмесечниот извештај на ЈКП Дервен не мина, опозицијата гласаше против, советниците од власта ба воздржани па извештајот не мина. И покрај тоа што ова Јавно претпријатие има позитива во работењето од  2.176.108  денари . Или тоа има приход од 90. 696.969   а расход  88.520. 861 денари.

Сведоци сме дека ЈКП Дервен позитивно и успешно работи. Меѓутоа има одредени технички пропусти во шестмесечниот извештај, поради што тој не е  усвоен – изјави Александар Колев претседавач на Советот на општина Велес.

Сакаме да веруваме дека се технички грешки во овој полугодишен извештај.  Нашите укажувања дека не е во ред со него, добро е што колегите од власта ги прифатија. Има во некои ставки нелогичности. За првите три месеци е потрошена една сума, која за шесте заедно   е помала од таа за првиот квартал. Ова сигурно ќе се согласите не може да мине и затоа гласавме против  извештајот. Дали е грешката во првото тромесечје или во шесте месеци ќе го  очекуваме следниот извештај за деветте месеци  – рече Благој Коларов координатор на советничката група на СДС.

Работата на ЈКП Дервен е позитивна, но имаше одредени несогласувања во писмениот извештај.  Тоа се софтверски, компјутерски или електронски  несовпаѓања па затоа го вративме на доработка. Кога ќе го добиеме деветто месечниот тие грешки да бидат коригирани. Работиме транспарентно и не сакаме да има нејаснонии и можни дамки во нашата работа – изјави Петре Саздов координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »