речник контакт

Помалку сообраќајки и жртви во првата половина од годинава

Возачите повнимателни, а имало помалку сообраќајки по патишта во велешко. Податоците се до 30 јуни

Петар Печков

Во  првите шест месеци  според статистичките показатели на СВР Велес, за територијата на Полициска станица Велес   се случиле 130 сообраќајки во кои има три жртви. Тоа е помалку отколку во истиот период мината година, кога имаше  178 со шест жртви. Од вкупниот број на сообраќајки сто тешки последици се здобиле  15 лица, 50 со телесни повреди и со материјална штетата 62.  

СВР Велес ги покрива и подрачјата на  Полициска станица Кавадарци и Неготино.  Изминатата половина година на нивна територија нема сообраќајки со жртви. На подрачјето на ПС Кавадарци има 88 сообраќајки лани биле 99, додека на подрачјето на ПС  Неготино има 55 лани имало за шест месеци 47 и тука има повеќе сообраќајка од лани. 

Според тежината на повредените  на територијата на Кавадарци имало 7 сообраќајки  со тешки повреди, 42 со телесни повреди и 39 со  материјална  штетата. На подрачјето на Неготино имало 4 сообраќајки со тешко повредени,  16 со телесни повреди и 35 со материјална штета.    

Сообраќајни незгоди со жртви – трактористи во првото полугодие на територија на СВР Велес нема.  Лани во првото полугодие едно лице  управување трактор   го загубил животот во велешко , две лица во Кавадарци, и  едно во Неготино.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »