речник контакт

Помен и поклон за загинатите партизани и жители на Велес и велешко во НОБ, на 78 години од ослободувањето на градот (фото)

Во четиригодишната борба за слобода во Bелешко загинале 378 партизани борци на НОБ и 209, граѓани жртви на фашизмот, сите родум од Bелешко

Петар Печков

На денешен ден, 9-ти ноември 1944-тата, во попладневните часови околу 16ч. е ослободен Велес.   Слава им на загинатите борци и граѓани кои го дадоа  животот за слободата.  

Со положување на цвеќе во  Спомен Костурницата од градоначалникот Марко Колев, претставници на  Армијата, и бројни други делегации им се оддаде почит на сите загинати за слободен Велес.

„Паметејќи го делото на загинатите  кои  ја пролеале својата крв да биде камен темелник на слободен Велес, денес, на денот кој пред 78 години бил одговор на крикот за слобода, во Спомен Костурницата каде почиваат моштите на мнозина од нив положивме свежо цвеќе во спомен на херојството и заветот кој ни го оставија“- порача градоначалникот Колев.

Цвеќе беше положено и на спомен бистите на народните херои  Димче Мирчев и Благој Страчковски  кои се наоѓаат во Младинскиот парк. Велес има уште два народни херои Ангел Мојсовски и Страхил Гигов, но тие немаат паметници

Во  четиригодишната борба за слобода во Bелешко загинале 378  партизани борци на НОБ и 209, граѓани  жртви на  фашизмот, сите  родум од  Bелешко.

фотогафии Општина Велес

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »