речник контакт

Поместувањето во полицискиот час, предизвика поместување на возниот ред на МЖ

Променетиот возен ред е со важност до 15-ти мај

Петар Печков

Поместувањето во полицискиот час,  предизвика поместување на возниот ред, почнувајќи од денес 28-ми април, со важност до 15-ти мај. 

Промени има за тргнувањето на патничките возови кон Гевгелија, кои се враќаат во терминот, на важечкиот возен ред, од 12-ти декември.  Од Скопје поаѓаат во 6,23 и во 16,55 а во правец кон Скопје се од железничка станица Велес,  во  7,10 и 18,40

За Гевгелија од станица Велес   7,24 / 17,46 /      
Од Гевгелија  5,30 / 16.55 /

Поместување има и во последниот патнички воз од Скопје кон Велес, кој е со поаѓање во 19,15ч.

Од Скопје за Велес остануваат  во 05,30,   09:15 ч и во  13:20ч  

Од Велес за Скопје првиот утрински е во  05:30ч  и двата пладневни  12:10ч и во  14:24 ч.

Нема промени за патничкиот воз од и за Кочани.
За Кочани  од Велес во  16,20 ч.      

од Кочани  за Велес  во 5,26 ч.

Во правец од и кон Битола остануваат по два патнички воза.
 Во правец на Битола од Скопје  има два воза во  06:57 ч и во  14:30ч. Овие два воза на железничка станица во Велес во правец кон Битола  се во 7:51 и во 15:25 ч.


Од Битола кон Скопје има два патнички воза во 05:30 ч и во 12:50 ч. на железничка станица во Велес во правец кон Скопје ќе бидат во 7:55 и во  15:24.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »