речник контакт

Помислете на нас, акција за гладните

Општинскиот Црвен Крст оваа седмица ја посветува на 16 октомври, меѓународниот ден за борбата против гладувањето. Тие заедно со локалните власти доделија 84 илјади денари помош

Петар Печков

Оваа седмица Општинскиот Црвен Крст  од Велес ја организира кампањата за помош на лицата кои се на работ на егзистенцијата, кои не располагаат со средства за нормална исхрана. 

За таа цел од ланските собрани пари, вкупно 84 илјади денари, 56 илјади ќе бидат доделени на 56 семејства. Тие со добиените средства ќе можат да купат исклучиво прехранбени производи.  Парите како ваучер ќе бидат доделени на семејства за кои добиле сознанија од Центарот за социјална работа но и директно од децата во училиштата, кои најдобро знаат на кого му е потребна оваа помош. Останатите средства  28 илјади денари, биле потрошени во текот на годината,за случаи на кои итно им е потребна помош. 

Парите во најголем дел се обезбедени од  децата и учениците а многу малку од бизнис секторот. Иако биле испратени повици до 1.300 стопански субјекти во општината, тие многу малку учествувала во ланската акција. Организаторот се надева дека годинава нивната свест ќе биде повисока. Во ова акција се вклучи и Општина Велес, која донираше 30 илјади денари наменети за 30 семејства.

Оваа седмица во тек се повеќе акции за прибирање на средства наменети за оваа ранлива група. Учениците од основните и средните училишта донираат пари а тоа можат да го сторат и граѓаните преку мобилните телефони:  070/075/077/  143-400 со еден повик се обезбедуваат 100 денари.

Жито сметката преку која можат да се донираат средства за Фонд за солидарност е  300000001327966  даночен број 4030984271620 АД Комерцијална Банка Скопје. Светскиот Ден на храната  16 октомври  е прогласен во 1947 од ФАО Светска организација за храна.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »