речник контакт

Помислите на гладните

Денес 16 октомври е светскиот ден на храната а македонскиот Црвен крст го одбележува ккао ден на гладта. Во Велес има 1.800 семејства кои се сиромашни. Помислите и Вие на нив

Петар Печков

Општинската организација на Црвениот крст од Велес  со  кампањата која ќе се одвива една седмица, именувана  ,,Помислете и на нас,, ќе подели значителни финансиски  средства како помош во рамките на одбележувањето на  16-ти октомври Денот на гладта. Во општина Велес има 1.800 семејства кои се во категоријата сиромашни, материјално необезбедени.

Оваа недела  е наменета за луѓето кои живеат во екстремно сиромашни услови, немаат услови  и пари за храна. Целта на кампањата е да се укаже на постоењето на овој проблем, во рамките на средината во која живееме, да се осврнеме на луѓето кои живеат покрај нас а имаат така голем егзистенцијален проблем - изјави д-р Милчо Трајков претседател на Црвениот крст на Македонија.

За оваа цел испратени се 700 покани до исто толку фирми од општината кои функционираат и покана да донираат по 600 денари. Тие средства ќе се соберат во еден Фонд со кој ќе се помогне на оваа група на население. Младите од Црвениот крст ќе организираат забава, на неколку штанда низ Велес ќе се продаваат шолји со логото на кампањата а сите средства ќе одат во новоформираниот Фонд.

Од ланската ваква акција собрани се 70 илјади денари. Дел од нив, 30 илјади, се веќе потрошени за оваа категорија луѓе на кои итно им требале пари додека останатите 40 илјади ќе се поделат по училиштата на деца кои ќе бидат избрани од нивните соученици. Во годинашнава акција се вклучи и локалната власт на општина Велес, која донираше чек од 30 илјади денари.

Оваа наша донација  мала скромна помош но е пример и потстрек да се вклучат и други поединци, институции, фирми за да им се помогне на тие што им треба. Тие не по своја вина се нашле на работ од егзистенцијата и затоа општеството треба да им помогне. Овој гест треба да биде симболичен почеток за помошта да допре до поголем број наши сограѓани – изјави Горан Петров градоначалникот на Велес,   која за прв пат годинава се вклучи со ваква финансиска помош. 

Светскиот Ден на храната  е прогласен во 1947 од ФАО Светска организација за храна. Доколку и Вие почитувани посетители на ТРМР можете да донирате за Фонд за солидарност = 300000001327966  даночен број 4030984271620 АД Комерцијална Банка Скопје.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »