речник контакт

Помор на риба во река Раец, Фаришка клисура

Забрането е користењето на водата од реката за жителите на село Дреново

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден  се случил помор на риба, во реката Раец, кај село Дреново- кавадаречко. Настанот е пријавен во доцнети попладневни часови. Извршен е вонреден инспекциски надзор од страна на Државен Инспектор за животна средина Кавадарци (ДИЖС), на кој присуствувал и Јавен Обвинител од ОЈО Кавадарци и претставници на кавадаречка полиција.  

„Надзорот е извршен на месноста викана Фаришка Клисури на река Раец. Констатирано е испуштањето на непозната течност од возило во реката Раец, при што е дојдено до помор на риби. Издадено е соопштение за забрана за секакво користење на водите од река Раец во село Дреново. Земени се и мостри од угинати риби и вода кои ќе бидат доставени до соодветна лабораторија на понатамошно испитување. Се работи на откривање на сторителот“- соопштија од ДИЖС.

Од фотографиите кои ДИЖС ги објави, се гледаат траги од камион кој бил до местото  на реката Раец, каде се случил еко-инцидентот за да потоа трагите од тркалата на камионот,  да водат блиска градежна база. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »