речник контакт

Помор на риби каков велешани не помнат

Помор на риби каков велешани не помнат се случи вчера утро (вторник) на реката Вардар. Реката беше побелена од голем број на риби кои пливаа по површината.

Петар Печков

Помор на риби каков велешани не помнат се случи вчера утро (вторник) на реката Вардар. Реката беше побелена од голем број на риби кои пливаа по површината. Настанот е регистриран од сите надлежни инспекции, а први го виделе рибочуварите на ЗСР Бабуна од Велес. Имало и крап и сом, тешки неколку килограми, но и мали парчиња белвица.

Нашата чуварска служба околу 5 часот наутро констатирала нагло зголемување на реката Вардар со голем матеж. По ова почнале на површината да пливаат риби кои очигледно се бореле за кислород, бидејќи во водата го немало или пак доаѓале до брегот, барајќи спас – изјави Томе Илиевски секретар на ЗСР Бабуна. Тие за поморот веднаш ги алармирале надлежните инсепкции, Заводот за здравстена заштита, санитрано-здравственита инспекција како и државниот и општинскиот инспектор за животна средина, кои веднаш излегле на терен, а како засилување дошле инспекциски екипи и од Скопје. Земени се примероци од умрената риба за да се пронајде  причината и сторителот. Првичниот впечаток е дека причина за угинувањето не е од хемиска природа, бидејќи шкргите на рибата не биле црни како во вакви случаи, туку биле црвени. Постарите жители на Велес посочуваат дека причината е надојдената река и стравуват дека за подолго време е уништена голема маса од рибниот фонд во Вардар.

Ако завчера Вардар беше поток со малку вода, за помалку од 12 часа наглото зголемување  со пуштање на вода од Матка или Козјак ја предизвика смртта на рибата. Наместо вода по реката пловеше батак, мул, ова е страшно што се случи. Вакви празнења на езерата се прават во пролет или есен кога Вардар има вода , не сега лето кога е скоро поток, жално беше да се гледа како рибата скокаше од вода по воздух – вели Никола Ѓоргиев, седумдесет годишен велешанец и  долгогодишен  рибар со стаж.  Тој се обидуваше да ги одврати неговите сограѓани кои безмилосно ја собираа рибата, која допливуваше до брегот барајќи спас. Стотина велешани ги полнеа кесињата со риба, која набргу заврши на градскиот  пазар, а потоа и на трпезите од велешани. Ваков инцидент се случи и минатото лето, но со многу помал обем.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »