речник контакт

Помор на риби на реката Тополка

Не е познато количеството на угинатата риба. Сторитетлот ќе биде познат по извршената анализа на земените мостри вода

Петар Печков

Големо количество на риба  изумре во поморот кој се случи во саботата вечер на реката  Тополка, во близина  на Велес.  Количеството на риба кое е изумрено никој не може да го прецизира.  Но затоа со око е видливо дека причинителот најмногу ги погодил младите риби, кои пливаат по површината, додека поголемите парчиња се по дното, се борат за живот, но тешко дека ќе преживеат.

Некаде околу 19 часот започна да се белее реката, а по половина час веќе имаше големи количества изумрена  риба која плуташе по површината   на реката. Имаше некоја чудна боја и миризба на железо, беше црвеникава кога течеше. Потоа се  стемни и ништо не се гледаше. Утрото околу  шест и  половина, кога се раздени беше жално да се гледа. Тополка беше побелена од угината риба. Таман сега преку езерото Лисиче, реката доби биолошки минимум, рибата се врати, оти претходно Тополка беше мртва река, сега повторно  остана  без риба. Гледате по дното има поголеми парчиња риба, која по некое време  ќе умре. Жално – вели жител на  населбата Превалец, кој тука има бавче и биле сведок на поморот на рибата.

За овој настан од населението дознале и рибочуварите од Здружението на спортски риболовци Бабуна од Велес. Тие веднаш излегле на терен.

По повик на жителите од  Населба Превалец, дека има  голем   помор на риби на реката Тополка, излегов на терен во 20 часот.  Имаше многу риба која беше по површината на реката.  Отидов до испустниот канал од некогашна Порцеланка. Над него немаше помор, рибите пливаа, после него беше поморот. Земав шишенца со вода од Тополка над и под каналот и од самиот испустен  канал. Нека се провери  и ќе се дознае кој е сторителот – вели  Шефкет Маслак рибочувар во  ЗСР Бабуна. 

Мештаните од Превалец велат дека овој месец во Порцеланка има голема активност. Имало мајстори кои со специјални апарати ја сечат опремата и машините, кои се продавале како старо железо.  На местото на настанот беа државниот и општинскиот еколошки инспектор како и полиција од СВР Велес, кои го документираа случајот.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »