речник контакт

Помош во храна за жителите на село Белештевица

Помошта е од семејството Етовски од Швајцарија и беше доделена поради прекинот на железничкиот сообраќај, кој е единствена врса со светот за жителите на селото

Петар Печков

Железничкиот сообраќај од попладнево повторно во функција, патничките возово сообраќаат, но неизвесноста кога ќе се случи тоа, беше причина волонтерите м од Општинскиот Црвен крст на Велес, денес да го посетат селото Белештевица. Таму живеат десетина, лица од возрасната популација. Бидејќи железницата им беше единствен излез кон светот, тие беа отсечени од светот  12 дена.

„Волонтерите на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес денеска стигнаа до село Белештевица едно од најотсечените населени места во околината. На тамошните неколкумина жители им доставија пакети со храна бидејки нивните залихи се речиси истрошени поради штрајкот на железницата и неможноста да го користат возот како практично единствено превозно средство“ – кажа Орце Николов, секретар на ОО Црвен крст Велес.

Донираните пакети се донација од семејството Етоски кое е родум од село Мелница, а живеат и работат во Швајцарија. Во активност освен волонтерите, биле  вклучени и претставници од Општина Велес и Тероторијалната противпожарна единица. 

Претходно ваква помош во саботата им беше врачена и на 15 семејства од селата С`лп, Карбуниште и Лавчани. Сите овие жители го користат железничкиот превоз до станица Рајко Жинзифов и стојалиштето Пчиња. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »