речник контакт

Помош за пензионерите и социјалците од Жито Вардар

Жито Вардар за ранливата категорија граѓани нуди нивни производи по осетно намалени цени. Леб, јајца, брашно, месо и сувемесни производи намалени и до 50 отсто.

Петар Печков

Пензионерите со ниски пензии и социјалните случаи  од Велес, од март месец ќе можат да пазарат прехрамбени производи  во продавниците на велешки ,,Жито Вардар,, по осетно намалени цени. Лебот ќе го купуваат за 13 денари, наместо по сегашните  25, брашното и јајцата со пониска цена од 25 отсто, додека месото и сувомеснатите производи се намалени за 20 отсто. Компанијата сака на овој начин да помогне на бројната категорија семејства од градот, кои се судруваат со сиромаштијата.

Од понеделник, секој пензионер кој има пензија пониска од осум илјади може да дојде со чекот и да добие картичката со која ќе може да пазари во нашите продавници. Исто се однесува и за социјалните случаи кои со потврда од Центарот за социјални грижи ќе можат да ги користат нашите бенефити, да купуваат прехрамбени производи по изразито ниски цени. Сметаме дека на овој начи, оваа категорија граѓани ќе може да ги купува нашите производи и тие да бидат достапни и за нив – изјави Ристо Ташев директор на АД Жито Вардар.

Засега оваа акција ќе се реализира во нивните продавници, но доколку сака некои од велешките маркети да се приклучи  кон неа со продажба по пониски цени на  производите на Жито Вардар, тоа е можно со обезбедување на соодветен софтвер за да се избегне манипулација и злоупотреба. Вредноста на месечната вредност на пазарење е лимитирана на две илјади денари
       

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »