речник контакт

Помош од Германскиот Црвен крст за погодените од ковид-19 во велешко

50 семејства од Општините Велес, Чашка и Градско ќе добијат пакети со храна и хигиенски средства, кои ги делат волонтери на ОО на Црвен крст Велес

Петар Печков

Општинскиот Црвен крст од Велес ја започна поделбата на помошта која Германскиот Црвен крст  ја подари а се состои од по 50 пакети со храна и хигиенски средства. Помошта  која ја врачуваат волонтери, ова седмица се дистрибуира на социјално ранливи  семејства во Велес и општините Градско и Чашка.

Во тек е  распределбата на хуманитарни пакети со храна и хигиена за семејства кои се погодени од корона кризата и како и  за стари и изнемоштени лица. Донацијата на оваа хуманитарна помош е од Германскиот Црвен крст - изјави Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес.

Во Општинската организација во Велес добила по 50 пакети со прехранбени продукти и со средства за хигиена.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »