речник контакт

Понеделник, само еден нов случај со КОВИД-19 во Велес

Во Македонија изминатите 24 часа регистрирани 18 случаи на ново заболени и тројца починати

Петар Печков

Центарот за Јавно здравје од Велес информира дека изминатите 24 часа во градот е регистриран еден нов случај на Ковид-19 на територијата на град Велес, но прецизираат на кој кластер припаѓа. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со корона вирусот  во  градот изнесува 59 лица.

Во изминатите 24 часа во Македонија  потврдени се 18 нови случаи на корона вирус -, Куманово-9, Скопје, Штип и Тетово по два и по еден во Велес,  Гостивар и Пехчево. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во земјата изнесува 1225.

Починати се тројца пациенти позитивни на ковид-19, една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, еден 71 годишен пациент од Прилеп и пациентка од Куманово на 63 годишна возраст.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »