речник контакт

Понеделник на платото пред Основен суд, бесплатен празничен ручек за Св. Никола

Се планира да се поделат 1,5 илјади оброци

Петар Печков

Понеделник, ден пред Св. Никола во Велес ќе се одржи хуманитарна акција на поделба на бесплатен празничен  ручек. Оваа година таа ќе се одржи по петти пат, но со многу поголем обем од претходните и со различна организација.  Локацијата на хуманитарната акција ќе биде на плочникот пред Основниот суд Велес. Акцијата ќе се одвива на неколку дела сочинета од неколку учесници, во временскиот период од 12 до 14ч.

„Оваа година ќе направиме една и единствена акција за пред и по новогодишните празници. Акција со обем и содржина поголема од сите други акции заедно. За прв пат годинава ќе поделиме оброци и ќе го прославиме свети Никола сите заедно на градскиот плоштад.  Датумот на одржување на акцијата ќе биде на 18-ти декември понеделник и ќе биде посветена на празникот свети Никола. Гостилницата Боем ќе настапи со свој штанд и на плочникот ќе постави 20 маси и 80 столчиња. Оброците ќе се делат бесплатно , кој сака да си земе за дома ,или кој сака да руча на лице место. Во план сме да поделиме 1.500 оброци од кои гостилницата од свои средства ќе обезбеди 250 оброци а другите ќе ги подготвиме  преку донации без никаков дополнителен надомест“ - вели Трајче Мешков сопственик на гостилница Боем и организатор на настанот.

При делењето на оброците присутни ќе бидат волонтери на Општинската организација на Црвениот крст Велес. На штандот ќе има кутија за донации, доколку некој сака да донира средства.

„Втори учесници на оваа акција се дечиња од сите клонови на детската градинка "Димче Мирчев“. Секоја година тие организираат креативна новогодишна работилница на рачни изработки. На нивниот   штанд  за симболична цена ќе се продаваат сите изработки на вредните детски рачиња“ - додаде Мешков.

Трети учесници на оваа акција се учениците од угостителскиот и гастрономската  насока на средното училиште Коле Неделковски . Учениците ќе подготват  десерти и специјалитети од нивната кујна. Нивната продажбата ќе биде со симболична цена и донациите од продажбата ќе се собираат во кутија на Црвен крст.

Четврти учесници се здружението на пензионери од Велес. Тие ќе подготват  најразлични гурмански специјалитети. Нивната храна исто ќе се продава по симболична цена.

Донациите од штандот за ручек но и од трите штанда за продажба на храна од учесниците, ќе се собираат во кутија на Црвен крст  и се наменети за семејство од Велес, кое е со три деца, сите со посебни потреби а живеат во мизерни услови.

Ќе  има  црвен тепих каде посетителите можат  да донираат детско новогодишно пакетче. Сите пакетчиња подоцна ќе се поделат на деца од социјално загрозени семејства од општината.

Во акцијата ќе се вклучат евангелската црква која помогна со материјална храна и кујната од велешката касарната „Алексо Демниевски Бауман“ при Министерството за одбрана,  која технички ќе помогне за подготовка на дел од оброците.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »